Македонија

Почина двегодишното дете повредено на новогодишната ноќ

02.01.2026 11:06

Детето првично било згрижено во Градската општа болница, а поради сериозноста на повредите било префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде лекарите констатирале обилно мозочно крварење...

Утрово почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ. Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото.

Детето првично било згрижено во Градската општа болница, а поради сериозноста на повредите било префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде лекарите констатирале обилно мозочно крварење. И покрај интензивната лекарска грижа, состојбата била критична и животозагрозувачка.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно изјави дека станува збор за еден од најтешките инциденти за време на новогодишната ноќ, при што повредата била предизвикана од метален фрагмент. Случајот е предмет на натамошна истрага.