Шварцарија

Исчезнат македонски државјанин во Кран-Монтана

02.01.2026 13:50

МНР нема информации за починати и повредени Македонци во пожарот во Кран-Монтана. Сè уште се трага по исчезнатиот Стивен Ивановски чие семејство објави дека вечерта бил на прославата во клубот. Не го пронашле ниту во тамошните болници. Македонија ја отвора вратата за повредени пациенти и соодветна медицинска поддршка.

Македонецот Стивен Ивановски бил во „Кран-Монтана“ за новогодишната прослава. И оттогаш е исчезнат. Неговото семејство кое живее во Швајцарија над 20 години го не пронашло во тамошните болници, па се проверува во болници во Италија и Франција. Семејството бара информации и на социјалните мрежи. 

Случајот го следи македонската амбасада во Берн, која досега нема информации од швајцарските власти за загинат или повреден македонски државјанин во пожарот.

Македонската амбасада е во состојба на подготвеност и внимателно ги следи случувањата во „Кран-Монтана“, објавен е телефонски број на кој македонските државјани може да се обратат за помош. 

Од контактите на премиерот и шефот на дипломатијата со амбасадорот на Швајцарија понудена е помош ако е потребна, а во Министерството за здравство се разгледуваат можностите и расположливите капацитети за евентуално медицинско згрижување на повредените од „Кран-Монтана“, откако Швајцарија го активираше европскиот механизам за одговор на итни случаи.

 

Ирина Гелевска