Руските сили извршија нов интензивен напад со беспилотни летала врз Запорожје
Русија изврши еден од најинтензивните напади со беспилотни летала врз Запорожје, при што беа погодени станбени згради и комерцијални објекти. Киев возврати со напад во руската област Белгород.

Руските сили извршија еден од најинтензивните напади со беспилотни летала врз Запорожје, при што беа погодени станбени згради и комерцијални објекти. Киев возврати со напад во руската област Белгород.
Во меѓувреме, Москва се закани со одмазда по украинскиот напад врз хотел и кафуле во Херсонската област, каде загинаа 27 лица, меѓу кои и две деца. Кремљ соопшти дека на САД им доставил докази за наводен напад врз резиденцијата на Владимир Путин, што ЦИА го демантира.
Ескалацијата доаѓа во време на дипломатски напори за прекин на војната, и најавениот состанок во Украина посветен на мирот.
„Рустем Умеров одржува состаноци во Турција за да ги вратиме размените на затвореници – ова е клучната тема. Toj исто така e во секојдневен контакт со американскиот тим и нашите партнери во Европа. Подготвуваме важни состаноци. Утре во Украина ќе се одржи состанок на советниците за национална безбедност посветен на мирот. Ќе присуствуваат европски претставници, а очекуваме американскиот тим да се придружи преку интернет. Петнаесет земји го потврдија учеството, заедно со претставници на европските институции и НАТО“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
