Иран
Загинати и повредени, по демонстрациите во Иран
02.01.2026 11:51
5 лица загинаа, десетици се повредени и уапсени, откако демонстрантите кои веќе пет дена протестираат во Иран поради влошената економска состојба...

Најмалку 5 лица загинаа, десетици се повредени и уапсени, откако демонстрантите кои веќе пет дена протестираат во Иран поради влошената економска состојба, почнале да фрлаат камења и палат возила, додека властите тврдат дека биле вклучени и вооружени групи.
САД изразија загриженост и ја повикаа иранската власт да ја запре репресијата врз граѓаните или во спротивно ќе интервенираат.
Техеран остро реагираа предупредувајќи дека секое американско мешање ќе има сериозни последици по регионалната безбедност.
