Венецуела

Мадуро: Подготвен сум за разговори со САД за трговијата со дрога, нафта и миграцијата

02.01.2026 19:34

Венецуелскиот претседател Мадуро во интервју за државната телевизија изјави дека е подготвен за разговори со САД за трговијата со дрога, нафта и миграцијата...

Венецуелскиот претседател Мадуро во интервју за државната телевизија изјави дека е подготвен за разговори со САД за трговијата со дрога, нафта и миграцијата, во секое време и кое било место.

Изјавата доаѓа по засилениот притисок на Трамп врз неговата влада преку зголемениот број напади и заплени на бродови осомничени за шверц на дрога и нафта поврзана со Венецуела.

Иако Каракас овие акции ги оценува како незаконски, Вашингтон тврди дека станува збор за дел од војната против дрогата.

„Владата на САД знае, бидејќи им кажавме на многу од нивните портпароли, дека ако сакаат сериозно да разговараат за договор за борба против трговијата со дрога, ние сме подготвени. Ако сакаат нафта, Венецуела е подготвена за американски инвестиции, како со „Шеврон“, кога и да сакаат, каде и да сакаат и како и да сакаат“, изјави Николас Мадуро – претседател на Венецуела.