Прилеп

Празниците – лек за расположение и добра мисла

02.01.2026 12:28

Можат ли празниците да не расположат и да не насмеат. За граѓаните – успеваат оти сме во заедништво со најблиските. Според психолозите – зимските празници се голема илузија каде што постои колективна еуфорија во којашто луѓето се слават самите себе си. Се слави добрината, доброто расположение и добрата енергија...

Од памтивека, комедиите се најпосетуваните претстави. До ден денес е копнежот по причината за доброто расположение и смеата.

Во новогодишните празници граѓаните во желбите прво ги нагласуваат среќата, смеата, добрата мисла. Празниците успеваат во тоа, велат.
 
И психолозите се согласуваат и додаваат-не случајно празниците се среде зима кога е тмурно, а денот кус.
 
Чувството на среќа отсекогаш било предмет на истражување и на присвојување.
 

 

Елизабета Митреска