Македонија

Повреденото дете почина, побарана е обдукција

02.01.2026 13:10

Почина двегодишното дете кое беше повредено на новогодишната ноќ и во тешка состојба беше хоспитализирано со метално парче во главата…

Почина двегодишното дете кое беше повредено на новогодишната ноќ и во тешка состојба беше хоспитализирано со метално парче во главата. Основното јавно обвинителство нареди обдукција на телото на детето.

И покрај борбата на лекарите, детето им подлегна на повредите. Повреденото дете во новогодишната ноќ беше примено во Градската општа болница, а поради сериозноста на повредите било префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде лекарите констатирале обилно мозочно крварење.

Известува Наташа Јанчиќ- Менковски