Животна средина
Не се утврдени неправилности во „УСЈЕ“
02.01.2026 13:28
Инспекторатот за животна средина нема утврдени неправилности кај Цементарница УСЈЕ, на прес-конференцијата во Владата изјавија надлежните од екологија.

По спроведените инспекциски надзори, Инспекторатот за животна средина нема утврдени неправилности кај Цементарница УСЈЕ, на прес-конференцијата во Владата изјавија надлежните од екологија.
Дали ова значи дека компанијата не е загадувач и конкретно врз кои параметри, министерството ги дава ваквите тврдења, известува Марина Стојанова-Тонева.
