Економија
Законот за сезонски работници влезе во сила
02.01.2026 13:39
Од вчера во сила е законот за сезонски работници. Вработени, невработени, ученици, студенти, пензионери ќе можат да работат без да ги загубат веќе стекнатите права.

Нов обид за формализација на сивата економија за да се намали бројот на оние кои работат на црно, а се проценува на 85 илјади. Од вчера во сила е законот за сезонски работници. Вработени, невработени, ученици, студенти, пензионери ќе можат да работат без да ги загубат веќе стекнатите права. Од 1-ви во сила и новиот закон за поддршка на инвестициите.
Викторија Милевска ја следеше прес-конференцијата во Министерството за економија и труд.
