Македонија

Болката ги обедини Кочани и Кран-Монтана

02.01.2026 18:28

Знаеме како боли кога ќе остане празно столче, кога тишината зборува погласно од зборовите, кога секој здив е тежок. Нашите мисли, молитви и срца се со семејствата на загинатите, велат родителите на загинатите од Кочани...

Родителите на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ изразија најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите во швајцарскиот бар во Кран-Монтана, трагедија што ги наврати на кочанската. Велат дека со скршено срце ја примиле веста за трагичната несреќа во Швајцарија.

Знаеме како боли кога ќе остане празно столче, кога тишината зборува погласно од зборовите, кога секој здив е тежок. Нашите мисли, молитви и срца се со семејствата на загинатите, со повредените и со сите кои ја носат оваа незамислива болка, напишаа родителите од Кочани во дописот.