Закони за сезонска работа и за поддршка на инвестициите
Нов обид за формализација на сивата економија за да се намали бројот на оние кои работат на црно, а се проценува на 85 илјади. Од вчера во сила е законот за сезонски работници. Вработени, невработени, ученици, студенти, пензионери ќе можат да работат без да ги загубат веќе стекнатите права. Од 1-ви во сила и новиот закон за поддршка на инвестициите.

Невработени, студенти, ученици, пензионери од годинава можат да работат без да ги загубат веќе стекнатите привилегии. Стапи во сила новиот Закон за ангажирање сезонски работници. Работодавачите добиваат плус кадар, оние кои сакаат дополнителни приходи – можност да заработат. Државата, пак, се надева на намалување на сивата економија и зголемување на вработеноста.
Почна примената на закон за финансиска поддршка на инвестициите, нов модел кој според надлежните треба да обезбеди поголема поддршка за компаниите коишто инвестираат, отвораат нови работни места и остваруваат раст на приходите.
Во 2024 Државниот завод за статистика регистрира 694.000 вработени и 85 илјади неформално ангажирани. Очекувањата се, формализација на околу 17.000 работни места најмногу во секторите угостителството, туризам, земјоделството.
Викторија Милевска
