МВР

Запленети десет килограми кокаин

02.01.2026 17:46

Приведен е 26-годишник и е одземено патничкото возило БМВ во кое е откриена дрогата скриена во импровизиран бункер. По судската наредба, полицијата и царината во подвозјето на возилото го открила забранетиот халуциноген наркотик...

Во скопското село Горно Количани, полицијата откри и заплени 10 килограми кокаин. Приведен е 26-годишник и е одземено патничкото возило во кое е откриена дрогата скриена во импровизиран бункер. Тој е осомничен за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

По вештачењето било утврдено дека станува збор за чист кокаин, кој според министерот Тошковски бил наменет за македонскиот пазар, со улична вредност од приближно еден милион евра.

Тошковски посочува дека оваа акција е јасен показател за променетиот пристап и за зголемената оперативна ефикасност на институциите. Активностите за сузбивање на организираниот нарко-криминал продолжуваат континуирано, системски и без отстапки, со цел трајна заштита на безбедноста и здравјето на граѓаните, потенцираат од МВР. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот поради опасност од бегство, или можност за влијание врз сведоци.

 

Игор Панов