Почина двегодишното дете, повредено на новогодишната ноќ
Еден час по полноќ на Хируршките клиники, двегодишното дете било примено во животозагрозувачка состојба. Од Министерство за здравство велат, исходот бил трагичен како резултат на тешките повреди на мозокот. Обвинителството нареди обдукција...

Почина двегодишното дете кое беше повредено за дочек на Нова година. Обвинителството нареди обдукција. Еден час по полноќ на Хируршките клиники било примено во животозагрозувачка состојба. Од Министерство за здравство велат, исходот бил трагичен како резултат на тешките повреди на мозокот.
„Двегодишното дете беше примено во Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата беше згрижено на Клиниката за неврохирургија, на Одделот за интензивна нега, се интубираше, поставено на механичка вентилација, ординирана антибиотска и антиедематозна терапија, 24-часовен мониторинг. Интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво не дозволуваше хируршко лекување“, соопштија од Министерството за здравство.
Случајот веднаш бил пријавен во полиција. МВР работи на расветлување на случајот.
Се чекаат резултатите од обдукцискиот наод кој треба да ги покаже причините за смртта на двегодишното дете.
Наташа Јанчиќ-Менковски
