Македонија

Железничкиот сообраќај целосно нормализиран, проблемите надминати

02.01.2026 15:12

Заокружена е исплатата на ноемвриската плата и е надминат делумниот бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт...

Железничкиот сообраќај во државата од попладнево е нормализиран, откако е заокружена исплатата на ноемвриската плата и е надминат делумниот бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт.

Претседателот на Синдикалната организација на машиновозачи на Македонија, Тони Димовски, изјави дека по средбата со државниот секретар во Министерството за транспорт, Стефан Волкановски, проблемот е решен и се работи на исполнување на останатите синдикални барања.

Првите патнички возови по прекинот на бојкотот стартуваат на релациите Скопје – Гевгелија во 16:55 часот и Скопје – Куманово во 16:57 часот. Од МЖ Транспорт најавуваат непречено одвивање на сообраќајот и продолжување на координацијата со институциите околу останатите барања на синдикатот.