Продолжуваат инвестициите во железницата
Враќањето на долгот од обврзницата вредна 700 милиони евра земена од претходната влада ќе биде еден од најголемите предизвици во економијата – вели владата. Премиерот уверува дека буџетот е ликвиден, инвестициите продолжуваат. Годинава ќе биде распишан и тендерот за железничката делница со Бугарија...

Со поддршка од Брисел за изградба на тунелот кој треба да ги поврзува македонската и бугарската пруга, надминат е застојот во изградба на делницата три од коридор осум. Годинава ќе биде распишан тендер за делницата од Крива Паланка до тунелот во Бугарија. Ќе се модернизира пругата Скопје – Кичево, се планира брза пруга Табановце – Богородица. Проектите за железниците добро напредуваат, вели премиерот Мицкоски.
Со наследен долг од 6,5 милијарди евра од минатата власт, лани долговите се исплатени, оваа година ликвидносно е затворена, граѓаните и бизнисот да бидат спокојни. Долговите нема да бидат пречка за реализација на плановите за линеарното зголемување на пензиите и за ширење на гасификациската мрежа.
Премиерот Мицкоски денес беше во Кочани на пуштањето во употреба на нова детска градинка за 120 деца во кочанската населба Драчевиќ.
Славица Величковска
