Возило падна во Радика, две лица загинаа
Извршен е увид на местото за утврдување на причините за несреќата. По насоки на јавен обвинител, патничкото возило ќе биде задржано во полициската станица во Гостивар, каде што ќе биде извршен вонреден технички преглед.

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кога патничко возило излетало од коловозот и паднало во реката Радика, во близина на Бигорскиот манастир.
Жртви се возачот и неговиот сопатник, кои биле во патничко возило „Фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, кое се движело на регионалниот пат Маврово – Дебар.
Извршен е увид на местото за утврдување на причините за несреќата. По насоки на јавен обвинител, патничкото возило ќе биде задржано во полициската станица во Гостивар, каде што ќе биде извршен вонреден технички преглед. Телата се предадени за обдукција.
