АМСМ

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

03.01.2026 08:56

Патот кон ХЕЦ Козјак е непрооден од голомразица. Сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврово е нормализиран, информираат од АМСМ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Доцна синоќа, надлежните издадоа апел и предупредување за појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваа брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели, на одделни патни правци.

Вчера имаше интензивни врнежи на снег на Попова Шапка. Воведена е задолжителна употреба на зимска опрема за возилата.