Откупен родот на тутунот
Еден месец пред законскиот рок, 28-ми февруари, веќе е откупен тутунот од ланската реколта. Тежи преку 23.000 тони. Остануваат уште околу 1.500 тони да се преземат. Сега претстојат разговори за нови цени и договори. Веќе ќе се стартува од 15-ти јануари…

Еден месец пред крајниот рок, откупот на тутунот заврши. Десетте компании до Нова година презедоа преку 23.100 тони по речиси 420 денари за килограм.
По празниците откупувачите ќе ги преземат и останатите околу 1.500 тони со што ќе се заокружи реколтата.
Од 15-ти јануари ќе се преговара за цените за новата реколта. Наскоро следуваат разговори и за измените во Законот за тутун, пред сè, за рамноправно партнерство на производителите со откупувачите.
Подготовките за новата реколта наскоро ќе почнат.
Елизабета Митреска
