Свет

Се санираат штетите по земјотресот во Мексико

03.01.2026 09:23

Властите ги активираа заштитните протоколи и работат на отстранување дефекти, додека сеизмолозите предупредуваат на можни последователни потреси...

По земјотресот од 6,5 степени со епицентар во Гереро, Мексико Сити санира штети. Повредени се 12 лица, оштетени над 40 објекти, а 10 згради се евакуирани поради пукнатини.

Властите ги активираа заштитните протоколи и работат на отстранување дефекти, додека сеизмолозите предупредуваат на можни последователни потреси во следните 48 часа.