Венецуела
Експлозии во Каракас, нападнати воени објекти
03.01.2026 09:39
Според американски официјални извори, претседателот Трамп наредил напади врз локации во Венецуела, вклучително и воени објекти...

Најмалку седум експлозии и чад се забележани ноќеска во главниот град на Венецуела, Каракас, при што делови од градот останале без струја. Според американски официјални извори, претседателот Трамп наредил напади врз локации во Венецуела, вклучително и воени објекти.
Властите во Каракас остро ја осудија воената агресија на САД. Претседателот Николас Мадуро, прогласи национална вонредна состојба и повика да се активираат плановите за мобилизација.
Инцидентот се случува во време на зголемени тензии меѓу двете земји.
