Свет

Јемен: Сепаратистите почнаа со повлекување, тензиите остануваат

03.01.2026 14:04

Сепак, тензиите остануваат високи бидејќи сепаратистите одбиваат да се повлечат од нафтените полиња во Хадрамаут.

Сепаратистите поддржани од Обединетите Арапски Емирати започнаа со повлекување на своите воени единици од јужен Јемен по ултиматумот на јеменската влада и притисокот од Саудиска Арабија.

Сепак, тензиите остануваат високи бидејќи сепаратистите одбиваат да се повлечат од нафтените полиња во Хадрамаут.

Ријад повика на итен дијалог откако изврши серија воздушни напади врз нивни позиции, предупредувајќи дека националната безбедност е „црвена линија“.