Софија со забелешки за акцискиот план за малцинства
Владата убедена дека ќе ги исполни обврските предвидени со реформската агенда. Софија имала забелешки за акцискиот план за малцинства, Скопје бара да не се дозволува билатерализација на проширувањето…

Забрзано работиме на исполнување на 10 од 12 чекори од реформската агенда што треба да се случи, најдоцна до првата половина на годинава, информира премиерот Мицкоски. Свесно не се дозволува либерализација на пазарот со електрична енергија за да се спречи драстично поскапување на струјата.
За Изборниот законик, пак, се формира работна група која треба да ги примени препораките на ОБСЕ/ ОДИХР. Но, премиерот Мицкоски откри и дека Софија имала забелешки за изготвениот акциски план за малцинства.
Владата работи на враќање на македонските иселеници, процес што според премиерот Мицкоски веќе се случува.
Првиот човек на владата смета дека се враќа перспективата во државава и оти Македонија има сила да ги врати нашинците дома.
Игор Панов
