ЦУК
Исчезнат планинар на Пелистер, во тек е акција за пронаоѓање
03.01.2026 15:59
Лицето телефонски било достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен.

Во тек е акција за пронаоѓање исчезнат планинар на Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, информира ЦУК.
Лицето телефонски било достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен.
Потрагата првично била извршена со ратрак, но без успех, па други екипи се испратени на терен. Проблем е и густата магла, како и неточните координати кои првично биле доставени.
