Врачени наградите “8 септември“

08.09.2014 12:24

Во просториите на Владата на Република Македонија, во присуство на голем број претставници на националните федерации од повеќе спортови беа врачени наградите “8 Септември“ кои Агенцијата за млади и спорт ги доделува трета година на денот на независноста. Најпрестижното признание за животно дело му припадна на Стефан Крстевски.

Во просториите на Владата на Република Македонија, во присуство на голем број претставници на националните федерации од повеќе спортови беа врачени наградите “8 Септември“ кои Агенцијата за млади и спорт ги доделува трета година на денот на независноста. Најпрестижното признание за животно дело му припадна на Стефан Крстевски. Тој во својот богат тренерски опус има многубројни значајни остварувања во стрелаштво како тренер на нашите претставници на Олимписките игри и особено на Параолимписките игри, каде што Македонија има освоено два златни и еден сребрен медал.  

Добитници на годишната награда за остварувања во областа на спортот се трофејните боречки тренери Ристо Дарлев и Бојан Рангелов, боксерскиот тренер Мирослав Петровиќ како и спортскиот психолог Ленче Алексовска Величковска, професорка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје од Скопје.

Покрај пригодните плакети од АМС, сите тие ќе добијат и парични средства согласно критериумите за наградата “8 септември“.