Мадуро префрлен во притворски центар во Њујорк, чека судење за обвиненијата поврзани со дрога и оружје
Венецуела прогласи вонредна состојба, а американскиот претседател Трамп порача дека ќе ја водат земјата додека не обезбедат праведна транзиција на власта.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се префрлени во Њујорк по големата американска воена операција во Венецуела. Мадуро е задржан во притворен центар во Бруклин, ќе му се суди по обвиненијата поврзани со дрога и оружје.
Мадуро заедно со сопругата беа заробени за време на операцијата на САД и качени на воен брод. Венецуела прогласи вонредна состојба, а американскиот претседател Трамп порача дека ќе ја водат земјата додека не обезбедат праведна транзиција на власта.
Во меѓувреме, Врховниот суд на Венецуела ја именуваше потпретседателката Делси Родригез за вршител на должноста претседател. Родригез изјави дека земјата е подготвена да ги одбрани националните ресурси по нападот на САД. Трамп најави дека американски компании ќе ја преземат венецуелската нафта.
Реакциите на меѓународната заедница поделени – од осуда до повици за воздржаност.
