Зеленски подготвен за избори како компромис во мировните преговори
Украинскиот генералштаб во Киев ги финализираше преговорите со САД за воен документ за идната поддршка и модернизација на армијата, додека со европските партнери се усогласуваат завршните детали од нацрт-мировниот договор.

Украинскиот претседател Зеленски подготвен да одржи избори како компромис во мировните преговори, но под услов претходно да се постигне стабилен прекин на огнот.
Украинскиот генералштаб во Киев ги финализираше преговорите со САД за воен документ за идната поддршка и модернизација на армијата, додека со европските партнери се усогласуваат завршните детали од нацрт-мировниот договор.
„Не смее да има причини што би нè спречиле на дипломатскиот пат. Не сакам американската страна да нè обвинува дека Русија прави одредени компромиси, додека Украина не прави. Затоа реков дека сме подготвени за избори, но ако треба да се одржат за време на војна, помогнете ни со прекин на огнот“, изјави Зеленски.
Истовремено тензиите околу централата Запорожје растат по одбивањето на Русија за заедничка контрола врз објектот. На воениот план, по масовен напад со над сто украински дронови, Русија привремено ги затвори двата главни московски аеродроми, Внуково и Жуковски.
