Северна Кореја истрела серија балистички ракети кон Источно Море
САД и Јапонија го осудија тестот како кршење на резолуциите на ОН и закана за стабилноста на регионот. Според аналитичарите потегот на Џонг Ун е директен одговор на американската операција во Венецуела, стравувајќи од слично сценарио на сопствена територија.

Северна Кореја истрела серија балистички ракети кон Источно Море, во ек на посетата на јужнокорејскиот претседател Ли Џе-Мјунг на Кина. Сеул го оцени потегот како директна провокација, додека Пјонгјанг најави зголемено производство на тактичко нуклеарно оружје.
САД и Јапонија го осудија тестот како кршење на резолуциите на ОН и закана за стабилноста на регионот. Според аналитичарите потегот на Џонг Ун е директен одговор на американската операција во Венецуела, стравувајќи од слично сценарио на сопствена територија.
„Северна Кореја лансираше најмалку две балистички ракети во правец кон нејзините источни води од западниот брег. Во врска со ова, Јапонија остро протестира против Северна Кореја преку амбасадата во Пекинг. Без разлика на намерата, развојот на нуклеарно оружје на Северна Кореја претставува закана за мирот и стабилноста на Јапонија и светот и е целосно неприфатлив. Министерството за одбрана ќе направи сè што е во наша моќ за собирање и анализа на информации и следење на ситуацијата, тесно соработувајќи со САД и другите“, изјави Шинџиро Коизуми, министер за одбрана на Јапонија.
