Швајцарија

Продолжува идентификацијата на телата, петок прогласен за ден на национална жалост

04.01.2026 10:07

Истрагата за трагедијата продолжува со фокус на квалитетот на акустичната пена во барот за која се сомнева дека предизвикала смртоносно разгорување. Обвинителите отворија кривична истрага против сопствениците на барот.

Швајцарските власти го прогласија петок, 9 јануари, ден на национална жалост. Црковните ѕвона ќе одекнат во 14 часот кога ќе започне погребната церемонија за жртвите од трагедијата во Кран Монтана.

Досега се идентификувани осум швајцарски жртви, сите на возраст меѓу 16 и 24 години, а италијанскиот амбасадор очекува идентификацијата на останатите 32 тела преку ДНК анализа да заврши до вечерва.

Истрагата за трагедијата продолжува со фокус на квалитетот на акустичната пена во барот за која се сомнева дека предизвикала смртоносно разгорување. Обвинителите отворија кривична истрага против сопствениците на барот.

„Значи, потврдив дека вчера, на крајот од денот, е поведена кривична истрага против двајцата менаџери. Оваа кривична истрага ќе овозможи, во соработка со сите засегнати страни, да се истакнат и истражат сите можности. Како што постојано наведував, ниту еден начин не е занемарен. Сите можности се истражуваат и со отворањето на оваа истрага, ќе ни овозможи да продолжиме во согласност со законот за кривична постапка“, изјави Беатрис Пилу, државен обвинител на кантонот Вале.