Со самодоверба и гордост против европскиот првак
Никогаш досега над четвртото место, а сега никогаш поблиску до исполнување на сонот. Не затоа што Македонија е во фудбалските височини, па да се смета за веројатен учесник на ЕУРО, туку фактот што сега безмалку половина континент ќе игра во Франција ги подгрева очекувањата и создава нереален оптимизам. Вистината е, сепак, многу поинаква. Токму сега Македонија почнува создавање нов тим за на подолг рок. Огненото крштевање ќе го има денеска во Валенсија против најсилниот состав на континентот.

„Шпанија е фаворит, но ние не дојдовме тука за да се браниме. Ќе се обидеме да бидеме достоинствени на теренот и да направиме што можеме“, вели селекторот на македонската репрезентација Бошко Ѓуровски.
Ќе истрчаме со 5-4-1 во одбрана и со посакувана трансформација 3-4-3 кога ќе ја имаме топката. Пачовски ќе стои на голот, Ристовски и Алиоски ќе истрчаат како бекови, Шиков, Мојсов и цуцули како стопери. Демири и Спировски ќе бидат пред нив, а Трајковски и Ибраими како поддршка отстрана за Јаховиќ во шпицот.
„Македонија е незгоден противник и во никој случај не смееме да ја потцениме. Добро се бранат, а знаат и да нападнат преку контри“, директен беше шпанскиот предводник Висенте Дел Боске.
За Шпанија, сепак, ќе брани Касиљас, одбраната ќе ја сочинуваат Хуанфран, Рамос, Албиол и Алба. Бускетс, Коке и Фрабрегас ќе ја контролираат средината, а Педро и Силва ќе не нападнат со најистурениот Алкасер. Ќе суди Гркот Сидиропулос, а почетниот свиреж е од 20.45. десетина минути порано ќе се вклучиме на стадионот „Сиудад Валенсија“, а од 20 часот и 20 минути ќе почне отвореното студио посветено на фудбалскиот натпревар Шпанија – Македонија.