Здравство

Грипот ги полни амбулантите

04.01.2026 16:17

Пред новогодишните дружби и забави си го направија своето, грипот ги полни амбулантите...

На секои десет минути по едно дете со висока температура до 40 степени, премаленост, главоболка, болка во грло, сува надразнителна кашлица прегледува лекар во дежурниот педијатриски пункт во поликлиниката „Бит Пазар“. Пред новогодишните дружби и забави си го направија своето, грипот ги полни амбулантите.

Над 200 деца се прегледуваат и во амбулантите на Детската клиника и Клиниката за белодробни заболувања „Козле“. Поради респираторни компликации капацитетите за болничко лекување таму речиси се пополнети. Докторката Ристова-Стефановска потсетува дека во дежурниот пункт во поликлиниката „Бит Пазар“, освен педијатар има и дежурна лабораторија.

Пред Нова година во земјава се регистрирани без малку 1.000 заболени од грип, што е за 2,5 повеќе од претпоследната недела од декември, покажуваат податоците на ИЈЗ.

Најмногу од заболените се од Скопје, Тетово, Велес. Вкупниот број на случаи на грип и заболувања слични на грип е 2.100.

Наташа Јанчиќ-Менковски