Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на дел од предвидената опрема за управување со отпад во Битола

05.01.2026 08:58

Мицкоски денеска во Битола, на паркингот на спортската сала „Боро Чурлевски“, ќе присуствува на промоција на дел од предвидената опрема за управување со отпад (возила и контејнери/канти) за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Битола, на паркингот на спортската сала „Боро Чурлевски“, ќе присуствува на промоција на дел од предвидената опрема за управување со отпад (возила и контејнери/канти) за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Како што соопштуваат од владината прес – служба, оваа опрема е сегмент од придонесот на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање и меѓународните партнери во унапредувањето на системот за управување со отпад.

Со возилата, контејнерите и кантите за ѓубре кои Владата преку МЖСПП ги доделува на јавните комунални претпријатија во овие општини ќе се олесни и ќе се подобри работата на јавните комунални претпријатија во овие општини. Воедно,

Владата во соработка со локалните самоуправи во идниот период ќе придонесе за подобрување на хигиената и зачувување на животната средина.