Шварцарија

9-ти јануари, ден на национална жалост во Швајцарија

05.01.2026 09:26

Обвинителството отвори кривична истрага против двајцата сопственици на барот. Швајцарските власти го прогласија петок, 9 јануари, за ден на национална жалост...

Швајцарската полиција идентификуваше 40 лица кои загинаа во пожарот што избувна на новогодишната ноќ во ноќен клуб, во скијачкиот центар Кран-Монтана. Меѓу загинатите е и 16- годишниот Стивен Ивановски, македонски државјанин, кој живеел во Швајцарија.

Истрагата продолжува за да се утврдат сите околности на трагедијата, вклучително и како била организирана прославата и дали биле почитувани безбедносните прописи. Обвинителството отвори кривична истрага против двајцата сопственици на барот. Швајцарските власти го прогласија петок, 9 јануари, за ден на национална жалост.

Црковните ѕвона ќе одекнат во 14 часот кога ќе почне погребната церемонија за жртвите од трагедијата.