Дела на Киро Урдин изложени во најдобриот музеј на Источна Европа
Симболично, во пресрет на нашиот национален празник музејот Данубијан во Братислава ги отвори вратите за Планетариумот и уште шест дела од Киро Урдин...

Уметноста нема граници. Таа е најголем амбасадор на една земја. А кога делата на еден уметник ќе се најдат во најдобриот Музеј на Источна Европа покрај оние на Сам Франсис, Карел Апел, Валас Тинг, Корнеј, е навистина големо признание.
Симболично, во пресрет на нашиот национален празник музејот Данубијан во Братислава ги отвори вратите за Планетариумот и уште шест дела од Киро Урдин.
„Горд сум што мојот пријател Киро Урдин е дел од оваа голема изложба. Ако не го сретнев Киро Урдин денеска немаше да бидеме овде во Данубијан“, вели Жерард Моленстен, сопственик на Музејот.
24 земји од светот обединети во еден сон, сонот на уметникот. Планетариумот го зема здивот на секој посетител.
„Кога ја гледам оваа слика мислам на сонот, можете да видите дека уметникот сонува и го реализира неговиот свет“, вели Кис Веиринга.
А сонот на уметникот е да нема војни, да царува уметноста.
„Овој извонреден објект е полн со публика и љубители на уметноста и сигурно ќе ги поттикне на голем дел на колекционерите кои се тука еден ден да размислат и тие да направат или фондации или музеи“, вели Урдин.
Данубијана арт музеум е дело на холандскиот бизнисмен Жерард Муленстен.
Тања Сарандеска
