Собранието се дигитализира - поставена алатка за граѓаните да ги добијат соодветните потребни информации за пленарни седници
Собранието во континуитет работи на дигитализација и оти со интегрирањето на новите технологии, законодавниот дом ќе постави едни стабилни основи за целосна дигитална трансформација, а тоа ќе го направи подостапна и поотворена институција за граѓаните.

На веб – страницата на Собранието е поставена алатка за вештачката интелигенција преку која се овозможува граѓаните во кое било време преку внесување на достапни линкови од содржини на Јутјуб каналот на законодавниот дом да разговараат со ВИ асистент и да ги добијат соодветните потребни информации за пленарни седници, комисии или други содржини.
Засега оваа алатка е во тест фаза и не е можно нејзино користење за сите седници на законодавниот дом, а треба да покаже колку таа ќе биде корисна за граѓаните, објаснува за МИА заменик генералниот секретар на Собранието Бобан Стојаноски.
Потенцира дека Собранието во континуитет работи на дигитализација и оти со интегрирањето на новите технологии, законодавниот дом ќе постави едни стабилни основи за целосна дигитална трансформација, а тоа ќе го направи подостапна и поотворена институција за граѓаните.
