Јагуриноски го пропушта Европското првенство 2026

05.01.2026 09:53

Десниот бек ќе го прошушти евро-шампионатот поради повреда, информираа од репрезентативниот табор.

Томислав Јагуриновски нема да биде дел од македонската ракометна репрезентација која ќе настапи на Европското првенство 2026 година.

Десниот бек ќе го прошушти евро-шампионатот поради повреда, информираа од репрезентативниот табор.

Конечниот список на ракометари кои ќе патуваат на Европското првенство селекторот Кирил Лазаров ќе го соопшти во вторник во претпладневните часови.

На ЕП 2026, македонската репрезентација е во група со кодомаќинот Данска, со Португалија и со Романија.

Извор/ Фото: МИА