Гренланд

Данска и Гренланд упатија остра порака до Вашингтон

05.01.2026 19:24

Премиерката на Данска Фредриксен, порача дека ерата на купување територии е завршена и дека Гренланд е суверен партнер, а не стока за тргување.

Данска и Гренланд упатија остра порака до Вашингтон откако на социјалните мрежи се прошири фотографија од Гренланд покриен со американско знаме, по што следуваше и изјавата на Трамп дека островот е неопходен за американската безбедност.

Премиерката на Данска Фредриксен порача дека ерата на купување територии е завршена и дека Гренланд е суверен партнер, а не стока за тргување.

На последните провокации реагираше и Шведска која нагласи дека само Данска и Гренланд имаат право да одлучуваат за својата иднина.