Украина

Русија изврши масовен напад врз Киев

05.01.2026 15:50

Погодена е болница при што загина две лице. И покрај ескалацијата, Зеленски испрати сигнал за компромис, потврдувајќи дека е подготвен за брзи избори со меѓународни гаранции, со што го отвори патот за финализирање на новиот мировен план.

Додека дипломатските напори се интензивираат, Русија изврши масовен напад врз Киев. Погодена е болница при што загина две лице. И покрај ескалацијата, Зеленски испрати сигнал за компромис, потврдувајќи дека е подготвен за брзи избори со меѓународни гаранции, со што го отвори патот за финализирање на новиот мировен план.

Турскиот претседател Ердоган вели дека тој е единствениот којшто може директно да разговара и со рускиот и со украинскиот челник. Во истовреме, претседателот на САД Трамп јавно ги отфрли тврдењата на Кремљ за украински атентат врз Путин, нарекувајќи ги руските обвинувања обид за саботажа на мирот.

„Веќе се подготвуваме и за следната дипломатска недела – ќе има состаноци во Европа кои мора да станат уште еден придонес кон нашата одбрана и за забрзување на завршувањето на војната. Украина ќе биде подготвена за двата можни пата – дипломатија, која ја следиме, или продолжување на активната одбрана доколку притисокот од нашите партнери врз Русија се покаже како недоволен. Украина се стреми кон мир. Но, нема да ја отстапи својата сила на никого“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.