Швајцарија

Заврши идентификацијата на жртвите во пожарот во Кран-Монтана, 9-ти јануари прогласен за ден на жалост

05.01.2026 13:53

Идентификувани се сите 40 жртви во пожарот во Кран-Монтана. Од 115 повредени, 35 се во тешка состојба префрлени на лекување во странство. Менаџерите на барот во која настана пожарот за нова година се обвинети за убиство, повреди и предизвикување пожар од небрежност.

Заврши идентификацијата на сите 40 жртви во пожарот за дочекот на новата година во Кран-Монтана. Најголем број од загинатите на возраст од 14 до 39 години се швајцарски државјани 21, а 19 од Италија, Белгија, Португалија, Романија, Турција, Србија и Македонија. Од повредените 119, 6 не се идентификувани. 35 од нив со тешки изгореници се префрлени на лекување во соседството.

„Постои огромна тага. Но, не смееме да ги заборавиме сите луѓе кои се повредени и сите семејства кои ќе мора да продолжат со ова, и сите наши млади луѓе. Само сакам да кажам да се грижиме за нашите млади луѓе, да не ги заборавиме, тие се нашата иднина, тие се нашата човечност.“

„Важно е да бидеме поврзани, бидејќи сите сме родители, знаете, ова се наши деца. Поминавме многу време обидувајќи се да откриеме дали луѓето што ги познававме, децата, пријателите на нашите деца, децата на нашите пријатели, дали сите беа добро“, изјави Кети Премер, жителка на Кран-Монтана.

Истрагата за пожарот се фокусира на квалитетот на акустичната пена во барот за која постои сомневање дека предизвикала смртоносно разгорување. Властите отворија кривична пријава за менаџерите на барот Џесика и Жак Морети, обвинети за убиство, телесна повреда и предизвикување пожар од небрежност. Швајцарските власти го прогласија петок за ден на национална жалост со одекнување на црковните ѕвона во 14 часот и ќе почне погребот на жртвите.

 

Ирина Гелевска