мвр
Лишен од слобода крадец во Гостивар, пронајдено е дел од украденото, следува пријава
05.01.2026 19:10
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

Денеска (05.01.2026) во 08:50 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.И.(35) од с.Вруток, гостиварско. Тој се сомничи дека во текот на утринските часови извршил кражба во црквата „Света Богородица“ во Гостивар, при што одзел пари. Кај него се пронајдени и одземени дел од украдените пари.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
