Патот на охридската јагула- предизвик за тројца македонски атлетичари

08.09.2014 16:52

Патеката на јагулите, долга 7 илјади и 400 метри е предизвик за тројца македонски атлетичари кои од денес па се до пристигнувањето на целта, кај Саргасовото море ќе се обидат да иницираат решавање на проблемот со мрестот на јагулите. Имено, по изградбата на хидроцентралите на Црн Дрим, беше пресечен природниот пат на оваа риба од Охридското Езеро до Саргасовото Море, што доведе до нивно постепено исчезнување...

Големите вљубеници во спортот, атлетичарите Тања Вељановска, Кире Наунчевски и Тања Стојановски во рамките на овој маратонски потфат ќе се обидат да истрчаат 7.400 километри, колку што всушност е приближно долга патеката на јагулите од Охридското Езеро до Саргасовото море, каде што охридските јагули се размножувале по достигнувањето на половата зрелост. По изградбата на хидроцентралите на Црн Дрим тој пат е поречен, а атлетичарите сакаат да влијаат за проблемот да се надмине со изградба на систем од канали и лифтови.

„Во 1999 година професорот Христоски го има изработено проектот, теоретски како треба да изгледаат тие канали, меѓутоа уште од тогаш па се до ден денес нема никакво решение на проблемот“, вели Тања Вељановска-атлетичарка.

„Се надевам дека таа должина ќе ја истрчаме во предвидениот рок. Единствено со нашата акција останува да ја подигнеме свеста на институциите и граѓаните,да се бориме за да се врати природниот пат на миграцијата на охридската јагула“, изјави Кире Наунчески-атлетичар.

Биолозите сеуште не ја разрешиле мистеријата зошто јагулите ја минуваат огромната дистанца од Охридското Езеро до Саргасовото море, но атлетичарите очекуваат дека со нивниот подвиг кој ќе трае една година и 4 месеци, колку што траел и патот на јагулата дека ќе придонесат да се возобнови природниот циклус на размножување кој бил нарушен пред пет децении.

Сашо Нелоски