Граѓаните сè почесто купуваат онлајн
За девет месеци во 2025 година, македонските граѓани реализирале онлајн трансакции вредни речиси 700 милиони евра, за 30 проценти повеќе од претходната година.

Ако до лани зборувавме дека онлајн продажбата е сè уште баук кај нас, бројките покажуваат дека нештата вртоглаво се смениле. Граѓаните сè почесто купуваат онлајн.
За девет месеци во 2025 година, македонските граѓани реализирале онлајн трансакции вредни речиси 700 милиони евра, за 30 проценти повеќе од претходната година. Околу 340 милиони евра завршиле кај домашните е-трговци, додека вредноста на трансакциите кон странство скокнала за 45 насто.
„Податоците за првите девет месеци од 2025 година покажуваат силно забрзување на е-трговијата и тоа не само со направени онлајн нарачки, туку и платени со платежни картички, односно остварен раст од 30% на вкупната вредност на онлајн трансакциите во однос на истиот период лани“, изјави претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска-Станков.
Иако во апсолутен износ вредноста на трансакциите со странски картички кај домашни е-трговци е мала, позитивен сигнал за македонската економија е растот од 38%, или во бројки, 38,2 милиона евра.
Александра Спировска
