Нема ебола во Македонија
Пацинетот ќе остане на клиниката и ќе му бидат направени и доплнителни испитувања...

Хоспитализраниот студент од Нигерија веќе нема ниту покачена темература. Од Инфективна клиника смируваат, кај нив е донесен само поради претпазивост, бидејќи доаѓа од земја каде што има епидемија на ебола. Телесната температура му се зголемила вчера,кога пристигнал во Македонија бил здрав.
„Освен покаченатa темпеартура и податокот дека доаѓа од тој регион каде што има епидемија, немаме ништо друго што е алармантно. Никаков друг параметар кој би кажал дека се работи за нешто такво. Пацинетот сега добро се чувствува, прима храна, нема ниту респираторни, ниту дигестивни проблеми, апсолутно е сатбилен“, вели проф. д-р Снежана Стојковска, Клиника за инфективни болести.
Пацинетот ќе остане на клиниката и ќе му бидат направени и доплнителни испитувања. Двајца негови колеги, кои заедно пред четри дена допатувале од Нигеријабиле задржани во карантин на ародормот Александар Велики, поради покачаена телесна температура која ја регистрирала термалната камера. Лекарите ја следеле нивната состојба, кога констатирале дека телесната температура им се намалила до ниво на нормална, им дозволиле да си одат.
Осван пацинетот које е на Инфективната клиника останатите студенти кои пристигнаа од Нигерија на четврти месецов ќе бидат под постојана лекарска контрола 21 ден, колку што трае инкубацијата на ебола.
Станува збор за група студенти кои дошле на студиски престој на унивезитетите во Штип, Битола и Охрид.
Наташа Јанчиќ
