Финансии

Над 92% реализација на буџетот

05.01.2026 17:19

Поефикасна наплата на даноците и посилна борба против сивата економија треба да овозможи системот е-фактура, што почна да се имплементира во пилот фаза. Од финансии и од УЈП велат дека станува збор за важна реформа што носи повеќе транспарентност, правичност и стабилност. Новиот електронски систем треба да ги замени традиционалните процеси поврзани со обемна употреба на хартија и физички документи.

Државата лани собрала околу 92 проценти од планираните приходи. Министерката за финансии потврди дека дел од институциите потфрлиле но во исто време, тоа не било причина да не ги трошат парите што ги имале на располагање, па затоа Димитриеска-Кочоска најави законски измени.

Почна процесот за дигитализација на финансиите. Стартуваше пилот-примената на системот е-фактура. Хартиената форма на поднесување на даноците и чекањето по шалтери заминува во историјата. Од УЈП со повик до компаниите од ИТ-секторот да се вклучат во првата фаза.

Од УЈП најавија оти пилот-тестирањето ќе се финализира до крајот на третиот квартал, а откако ќе се изготви законското решение од министерството за финансии ќе почне и примената на новиот електронски систем.

Викторија Милевска