Печалбарите повторно порачаа „не“ за данок
Повратниците од Ирак и Авганистан втор пат на протест поради одлуката на УЈП да се оданочат парите коишто ги зеле од странство. Најавуваат блокади и во останатите општини, но и главниот град. Правдата ќе ја бараат и од меѓународните организации и амбасади. Од УЈП ги повикуваат навреме да си ја надмират законската обврска...

„Стоп за ретроактивни решенија“, „Не за селективна правда“, порачаа на вториот протест повратниците од Ирак и Авганистан. Тие неколку часа ја блокираа улицата пред Управата за јавни приходи, искажувајќи незадоволство поради ретроактивно оданочување за 2020-та година. Побараа дијалог, правилно утврдување на даночната резидентност, потенцирајќи дека биле надвор од државата повеќе од 183 дена. Бараат признавање на пасошите и платениот данок на компаниите во матичните земји. Даночните решенија велат, пристигаат со кратки рокови за плаќање и камати. Заработените средства укажуваат дел ги вложиле во градот, а други и потрошиле.
„Од луѓето кои работеле во воени конфликтни зони, Ирак, Авганистан, Африка се бараат документи но не можат да обезбедат затоа што компаниите не постојат или не функционираат. А документите што ги добиваме за платен данок од нашите фирми се одбиваат. Не бегаме од даноци, фактички престој е законски критериум. Проблемот не е само 2020, туку се проширува до 2025“, изјави“, изјави Зоран Наковски – поранешен вработен.
Печалбарите правдата ќе ја бараат и во американската амбасадата и меѓународните организации. Од Управата за јавни приходи потенцираат не се работи за ретроактивна мерка, туку законско решение. Апелираат граѓаните да си ја надмират обврската.
Според печалбарите, решенија досега примиле околу 4.000 граѓани.
Во базите во Авганистан и Ирак изминативе години работеа над 10.000 кумановци.
Елена Георгиевска
