Нови возила и опрема за управување со отпад
Систем кој со децении беше запоставуван да се трансформира во современо одржлив. Европско управување со отпадот. Со новите инвестиции, вели премиерот Мицкоски, директно се удира по дивите депонии. Според него, воспоставувањето услови за селекција на отпадот уште на изворот е културна промена, а не само техничка мерка…

Чистата животна средина не е привилегија, туку право. Наместо хаос, воведуваме ред. Место импровизација, градиме систем, рече премиерот Мицкоски на промоцијата и примопредавањето на возилата и останатата опрема за управување со отпад за општините од Пелагонискиот и од Југозападниот регион.
Во општина Новаци ќе се гради Центар за управување со цврст отпад со највисоки еколошки стандарди и безбедност, а нестандардната депонија „Мегленци“ ќе биде затворена.
Почнува новата ера на модерно управување со отпад и крај на децениските проблеми на граѓаните.
Оваа опрема е сегмент од придонесот на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање и меѓународните партнери во унапредувањето на системот за управување со отпад.
Ружица Ѓоршевска
