БЛИСКИ ИСТОК
Израел нападна области во јужен и источен Либан
06.01.2026 19:04
Нападите се случија неколку дена пред командантот на либанската армија да ја информира владата за нејзината мисија за разоружување на Хезболах во областите долж границата со Израел.

Израелските воздухопловни сили нападнаа области во јужен и источен Либан, со тврдење дека целеле на инфраструктурата на милитантните групи Хезболах и Хамас.
Нападите се случија неколку дена пред командантот на либанската армија да ја информира владата за нејзината мисија за разоружување на Хезболах во областите долж границата со Израел.
Либанската армија изминатата година го почна процесот на разоружување на палестинските групи по 14-месечната војна меѓу Израел и Хезболах.
