Свет

Продолжуваат протестите во Иран

06.01.2026 12:49

Портпаролот на иранското МНР ги обвини израелските и американските претставници за поттикнување насилство и тероризам.

Протестите поради економската состојба во Иран продолжуваат. Активистите тврдат дека во судирите што избувнаа на 28 декември, досега загинале најмалку 19 демонстранти, а стотици се уапсени.

Портпаролот на иранското МНР ги обвини израелските и американските претставници за поттикнување насилство и тероризам.

Американскиот претседател се закани: „Ако почнат да убиваат луѓе како што правеа во минатото, мислам дека САД ќе ги удрат многу силно“.

Ова се најголемите немири во земјата од 2022 година, по смртта на Махса Амини.