Време

Дожд и снег низ регионот

06.01.2026 18:21

Влажниот и студен бран зафати и делови од Црна Гора и Хрватска. Во Босна и Херцеговина се излеа реката Неретва. Пријавени се поплавени куќи.

Регионот е зафатен од дожд и снежни врнежи. Во Србија прогласена вонредна состојба во неколку општини, регистрирани прекини со електричната енергија.

Влажниот и студен бран зафати и делови од Црна Гора и Хрватска. Во Босна и Херцеговина се излеа реката Неретва. Пријавени се поплавени куќи.

Изобилните снежни врнежи предизвикаа откажувања на летови и возови, сообраќаен метеж и затворање на училишта во делови од Европа.

Потешкотии од зимските услови регистрирани во Фарнција, Холандија, Велика Британија.