Македонија

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж

06.01.2026 15:29

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање …

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова упати празнична честитка. Порача мирот Божји да го завладее секој православен дом.

„И годинава, Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела. Да му се радуваме на животот и да придонесуваме за доброто на заедницата, сплотени да ја креираме и градиме благосостојбата на македонското општество“, вели Сиљановска-Давкова.