Падна криминална група од Скопје која криумчарела мигранти
За да ја фатат на дело криминалната група како криумчари мигранти, полицијата била распоредена на неколку пункта...

Криминална група од Скопје која криумчарела мигранти падна во заседа на полицијата. Петмина од групата се уапсени во обид да пренесат илегалци преку земјава. Приведени се 28-мина од Сомалија, Пакистан и Сирија. 6 биле малолетници.
За да ја фатат на дело криминалната група како криумчари мигранти, полицијата била распоредена на неколку пункта.
Акцијата се одвивала на патниот правец од Струмица кон Радовиш.Мигрантите биле скриени во 5 возила, што се движеле во колона. Во обидот да бидат запрени, криминалците со возилата почнале да бегаат.Полицаец испукал неколку предупредувачки куршуми во воздрух.Наместо да застанат, едно од возилататргнало директно во полициската патрола.
„Еден од полициските службеници испукал кон возилото за да го оневозможи и го погодил во багажникот“, вели Иво Котевски – помошник-министер за односи со јавноста во МВР.
Дел од возилата биле запрени на следниот пункт во близина на клучката за Радовиш.Таму виделе дека мигрантот што бил скриен во багажникот е погоден. Пренесен е во ургентниот центар во Скопје. Едно возило успеало да избега. МВР трага и по други за кои има сознанија дека се дел од оваа криминална група.
Наташа Гркова-Петрушевска
